Top Sport

Вуелта: Буани вчера беше последен, денеска ја освои шестата етапа (видео)

Французинот Насер Буани (Кофидис) го победи Дени ван Попел и Елија Вивијани во интересната шеста етапа на Вуелта Еспања од Уеркал-Овера до Сан Хавиер во јужна Шпанија.

Само еден ден откако претходната петта етапа ја заврши на последното 176. место, францускиот велосипедист кој беше под удар на критиките во француските медиуми, се врати со прва етапна победа на Вуелта по четири години.

Спринтерот беше најсилен во ослабениот спринт по 155.7 километри на брегот на Мурсија за неверојатен финиш во кој словачкиот светски шампион, Петер Саган (Бора Хансгрое) успеа да стигне само до деветтото место.

Французинот Руди Молар беше во групата од 50 велосипедисти кои заедно влегоа на целта, за да остане во лидерската црвена маичка, но неговиот сонародник и колега Тибо Пино беше во групата која заостана откако пад на 30 километри пред финишот ги одвои велосипедистите. Покрај Пино, време од 1:44 загубија и Холанѓанецот Вилко Келдерман (Санвеб) и Русинот Илнур Закарин (Катјуша). Во генерален, Молар има 41 секунда предност пред Полјакот Михал Квјатковски (Скај).

Scroll to Top