Top Sport

(ВИДЕО) Денвер со „метла“ за ЛА Лејкерс стигна до финалето, нов трипл – дабл за Јокиќ

Денвер Нагетс на импресивен начин стигна до големото финале на НБА лигата, откако успеа да го победи ЛА Лејкерс и четврти пат по ред, овојпат на гостински терен со 111:113. Со тоа им приреди „метла“ на Леброн Џејмс и друштвото, славејќи во финалната серија од Западот со 4-0 во победи.

Почетокот и не навестуваше ваков епилог, со оглед дека ЛА Лејкерс на полувреме обезбедија предност од 73:58.

Сепак, Денвер одигра неверојатна трета четвртина која ја доби со 36:16, го презеде водството и стигна до историското финале во НБА лигата.

Никола Јокиќ повторно имаше партија за паметење. Тој стигна до осмиот трипл-дабл во плеј-офот и го предводеше Денвер до големиот успех. Српскиот центар постигна постигна 30 поени, а имаше и 14 асистенции и 13 скокови. По натпреварот му беше доделен трофејот „Меџик Џонсон“ за најкорисен играч на Западната конференција. Одличен беше и Џамал ​​Мареј кој постигна 25 поени со пет асистенции, како и Арон Гордон кој запиша 22 поени.

 

Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 40 поени, а му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл ефект.

 

Scroll to Top