Кошаркарите на Бостон Селтикс успеаја да избегнат „метла“ во четвртиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА лигата го победија Мајами Хит со 116:99 на гостински терен и го намалија резултатот во серијата на 3-1.
Тимот од Масачусетс, кој регуларниот дел од сезоната го заврши на второто место на Истокот, конечно го покажа талентот и квалитетот што ги поседува и ја врати серијата на домашен терен.
По изедначеното прво полувреме во кое тимот од Флодира успеа да обезбеди шест поени предност (56:50) во второто полувреме, Селтикси ја демонстрираа играта која се очекуваше од првиот натпревар.
Гостите го добија третиот период со резултат 38:23, а клучна беше серијата 20:5 во првиот дел од таа делница.
Со нова серија од 12:0 на почетокот на последната четвртина, Бостон обезбеди огромни 17 поени вишок (100:83).
Тејтум блесна со 33 поени (4/8 за три), 11 скока и седум асистенции и стана вториот играч на вечната листа на Селтикс по бројот на натпревари со учинок од 25+ поени, 10+ скокови и 5+ асистенции. . Тоа му успеа по 16.ти пат во кариерата, а пред него е само Лери Бирд со 26.
Џејлен Браун додаде 17 поени со по четир скока и асистенции, Дерик Вајт постигна 16, а и Грант Вилијамс 14 поени. .
Во поразениот тим Џими Батлер забележа 29 поени (9/21 од поле, 1/4 од три), девет скока и пет асистенции.
Натпреварот број 5 се игра на 26 мај во Бостон. Во големото финале победникот од оваа серија ќе игра против Денвер Нагетс.