Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе игра вечерва против Рајо Ваљекано. Судискиот комитет на Ла Лига го помишти црвениот картон кој го доби во неделата против Валенсија. Бразилецот беше исклучен длабоко во судиското продолжение во второто полувреме, откако му залепи шамар на играчот на Валенсија, Уго Дуро.
Судискиот комитет на Ла Лига, смета дека судиите во ВАР-собата погрешно го проценија настанот и превидоа дека играчот на Валенсија всушност прв го удри Винисиус, а потоа Бразилецот возвратил. Според нив на главниот судија не му била пуштена комплетната снимка од инцидентот, туку само делот каде Винисус го удрира Уго Дуро.
Сите судии од ВАР собата, поради овој превид, се суспендирани. Винисиус во текот на целиот натпревар трпеше расистички навреди од трибините.
Затоа е покрената истрага. Реал поднесе кривична пријава против навивачите и Валенсија како организатор на натпреварот, а полицијата уапси вкупно четворица навивачи поради расистички скандирања.
Валенсија ќе мора да плати казна од 45 илјади евра и да затвори дел од стадионот за навивачите.