Top Sport

ПСЖ ќе ја активира клаузулата во договорот на Угарте

ПСЖ и Ливерпул ќе се обидат да го донесат во летниот преоден рок играчот на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте.

Португалските медиуми пренесуваат дека ПСЖ за 60 милиони евра ќе го доведе Мануел Угарте (22) од Спортинг Лисабон.

Станува збор за уругвајскиот играч за врска кој според „Трансфермаркт“ вреди 25 милиони евра, но во договорот има излезна клаузула од 60 милиони евра. Францускиот шампион ПСЖ е подготвен да ја активира клаузулата и на тој начин да го доведе еден од најталентираните играчи за врска во Европа.

Пред две недели, англиските медиуми објавија дека Ливерпул ќе започнал преговорите со Спортинг околу трансферот на Угарте.

Угарте пристигна во Португалија од уругвајскиот Феникс во 2016 година. Од 2021 година настапуваше за португалскиот Фамаликао, а откако таму се докажа, за 10,5 милиони евра премина во Спортинг.

Оваа сезона Угарте одигра 47 натпревари во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Уругвај има осум настапи.

Ливерпул ќе потроши 60 милиони евра за играч на Спортинг

 

Scroll to Top