Ливерпул не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. По синоќешниот триумф на Манчестер Јунајтед против Челси (4:1), и дефинитивно завршија сите надежи на „црвените“’ дека можат повторно да бидат дел од елитното европско клупско натпреварување следната сезона.
Ова е првпат во ерата на Јирген Клоп, Ливерпул да не избори пласман за ЛШ. Сето ова делува фрустрирачки на најдобриот фудбалер во тимот, египетскиот интернационалец Мохамед Салах.
„Потполно сум уништен. За ова нема апсолутно никакво оправдување. Ние сме Ливерпул и местото ни е во Лигата на шампионите. Тоа треба да е минимумот за овој клуб. Жал ми е, но прерано е за оптимистички пост. Ве изневеривме и вас и себе“, се обрати Мохамед Салах до навивачите на Ливерпул.