Шпанскиот институт за патенти и регистрирани марки, наводно одлучил дека Реал Мадрид и Барселона не смеаат да го користат терминот „Ел класико“ за промоција на нивните мечеви во иднината, тврди „Релево“.
Тие објаснуваат дека овој потег доаѓа откако Реал Мадрид се обидел да го патентира името „Ел класико“ (El Clasico), но тоа било одбиено бидејќи е премногу блиску до брендот кој го користи шпанската Ла лига (ElClásico). Според „Форбс“, пак, институтот смета дека поимот веќе е „доволно етаблиран“ за да се регистрира, но додава дека постои загриженост за репутацијата на шпанската лига ако двата тима ексклузивно го имаат право на овој термин.