Втората носителка на Флешинг Медоуз, Каролин Вознијацки, го заврши својот настап на последниот гренд слем во сезоната, во втората рунда. Тенисерката од Данска е поразена од Украинката Јулија Цуренко во два сета 4:6, 2:6.
За разлика од Вознијацки, поранешната шампионка на Флешинг Медоуз, Марија Шрапова, не дозволи изненадување против Романката Сорана Кирстеа. Русинката славеше во два сета со 6:2, 7:5.
Шарапова во наредното коло ќе игра против Елена Остапенко. Летонката во второто коло одигра три сета против Американката Тејлор Таузенд и победи со 4:6, 6:3, 6:4.
Тирнирот заврши и за Кристина Младеновиќ. Во второто коло од неа беше подбра Шпанката Карла Суарез Наваро со 6:1, 4:6, 6:4.