Колумбиецот Сантијаго Буитраго победи на петочната „кралска“ етапа на Џиро Д’Италија од Лонгароне до Три Чиме ди Лаваредо во должина од 183 километри во италијанските Доломити, додека Герант Томас остана лидер во генерален пласман пред утрешната одлучувачка етапа, планинската трка на хронометар.
23-годишниот Буитраго имаше најсилни нозе на планинскатаа етапа за да победи со 51 секунда предност пред Канаѓанецот Дерек Џи, кој по четврти пат во тринеделната трка завршува на второто место.
Томас пак, не успеа целосно да се одбрани од нападот од Примож Роглич, губејќи неколку секунди од својата предност, но останувајќи на 26 секунди пред Словенецот пред утрешната претпоследна етапа, 18.6 километри долгата трка на хронометар во нагорнина.
„Ќе биде многу тесно утре. За гледачите ќе биде фантастично да се гледа, но верувајте за нас ќе биде страшно“, вели Томас.
🔥 The battle for the Maglia Rosa: @rogla attacks, @GeraintThomas86 responds, @JooAlmeida98 won't give up 👚
.
🔥 La battaglia per la Maglia Rosa: @rogla attacca, @GeraintThomas86 risponde, @JooAlmeida98 non molla 👚#Giro #GirodItalia pic.twitter.com/HYNFKxvF0L— Giro d'Italia (@giroditalia) May 26, 2023