Репрезентативецот на Белгија, Насер Шадли, во финишот на преодниот рок реши да ги смени клупските бои. Тој од англискиот второлигаш Вест Бромвич Албион се пресели во редовите на Монако.
Тимот од „малото кнежество“, не ја објави вредноста на трансферот, туку само соопшти дека Шадли потпишал три годишен договор. Медиумите шпекулираат дека ВБА од трансферот заработиле десет милиони фунти.
Шадли кариерата ја започнал во Апелдорн, а потоа играл за Твенте, Тотенхем и ВБА.
За селекцијата на Белгија има одиграно 51 натпревар. Шадли беше дел од белгискиот национален тим на СП во Русија. Тој го постигна голот за победа против Јапонија во осмина-финалето.
“Je suis très heureux de rejoindre l’AS Monaco. Les résultats des dernières saisons prouvent la qualité du projet et l’ambition du club. Je vais tout faire pour aider l’AS Monaco à réussir de grandes choses et atteindre ses `objectifs.”
? @NChadli pic.twitter.com/tWHMB3A1NZ
— AS Monaco ?? (@AS_Monaco) August 30, 2018