Гоце Седлоски (44), денес, треба да биде и официјално промовиран во нов тренер на фудбалскиот клуб Широки од Босна и Херцеговина.
„Речиси се е договорено. Јас ќе бидам новиот тренер на Широки“, ја пренесуваат босанските медиуми изјавата што синоќа ја дал Седлоски по пристигнувањето во Широки.
Седлоски на клупата на оваа екипа ќе го наследи Борис Павиќ кој ја раскинал соработката со клубот поради неколкуте лоши партии во кои главниот проблем била реализицијата.
Широки по седум кола е единствената екипа во лигата на БиХ без пораз и се наоѓа на третото место со 13 бода, еден помалку од Сараево и Железничар.
Гоце Седлоски пред една година успеа како тренер на Вардар да избори пласман во фазата по групи во Лига Европа. Оваа година тој имаше неуспешен ангажман во Летонија со ФК Руга.