Top Sport

Блицкриг на Фиорентина за триумф над Рома

Фудбалерите на Фиорентина славеа победа во натпреварот со Рома (2:1), во претпоследното коло, во Серија А.

Избраниците на Жозе Мурињо беа тие кои бркаа резултат и се обидуваа да осигураат место во европските купови, но ја загубија предноста и забележаа нов пораз.

Натпреварот започна одлично за нив, бидејќи Стефан Ел Шарави во 11. минута му донесе водство на својот тим. Предноста Рома ја испушти во самиот финиш.

Во интервал од три минути, головите за „Виола“ ги постигнаа Лука Јовиќ во 85. минута и Џонатан Иконе во 88.минута.

Scroll to Top