Top Sport

ПСЖ го испрати Ло Селсо во Бетис, а ги донесе Бернат и Чупо-Мотинг

ПСЖ го испрати Џовани Ло Селсо на позајмица во Бетис и во исто време потврди дека во клубот пристигнале Ерик Чупо-Мотинг и Хуан Бернат.

ПСЖ за Ло Селсо минатото лето му плати на Росарио 10 милиони евра. Минатата сезона одиграл 54 натпревари, постигнал шест гола и забележал девет асистенции.

Ло Селсо, во текот на подготвителниот период, не успеал да се наметне кај новиот тренер на ПСЖ, Томас Тухел. Инаку, Бетис по завршувањето на сезоната ќе може за 30 милиони евра да го откупи договорот на 22-годишниот фудбалер.

Во исто време, тренерот Тухел го потврди доаѓањето на Бернат и Чупо-Мотинг.

Шпанскиот бек Бернат (25), во ПСЖ пристигна од Баерн Минехн, додека 29-годишниот Чупо-Мотинг во Париз дојде од Стоук.

Scroll to Top