Top Sport

Андерсон во Феникс, Најт и Крис во Хјустон

Хјустон Рокитс и Феникс Санс разменија играчи во пресрет на новата сезона. Од Хјустон во Феникс се селат Рајан Андерсон и Дентони Мелтон, во спротивен правец ќе заминат Брендон Најт и Маркиз Крис.

Хјустон долго време се обидуваше да се ослободи од Андерсон и неговиот голем договор. Крилниот играч (30) треба да добие 41 милиони долари до 2020 година. „Ракетите“ решија да го трејдуваат Андерсон откако минатата сезона не беше на потребното ниво.

Мелтон е плејмејкер и тој ќе дебитира во НБА лигата. На последниот драфт Хјустон го одбра од 46.позиција.

Задоволни од размената се и во Феникс, бидејќи замина осмиот пик од драфтот во 2016 година, Крис, кој досега не го покажал својот потенцијал. Од друга страна плејмејкерот Најт играше во Феникс од 2015 година, но ја пропушти речиси цела мината сезона поради повреда.

Најт има важечки договор до 2020 година „тежок“ 30 милиони долари.

Scroll to Top