Top Sport

Тен Хаг со предизвик за Рашфорд – следната сезона до 40 гола!

И покрај тоа што Манчестер јунајтед сигурно ќе се на пазарот на играчи за напаѓач во текот на летото, менаџерот Ерик Тен Хаг му порача на Маркус Рашфорд дека следната сезона може да дојде до 40 гола.

25-годишниот Рашфорд во четвртокот постигна гол при 4:1 победата над Челси за да стане првиот играч со 30 гола во сите натпреварувања во една сезона по Робин ван Перси пред една деценија.

„Сигурен сум дека може до 40. Има многу простор за подобрување во неговата игра. Сигурен сум во тоа. На пример, во последните 10 меча не даде многу гола. Одлично е за него што се врати во форма оваа сезона, го подржавме каде што тоа беше потребно и сега е најважно тој да го направи следниот чекор“, вели Тен Хаг.

И покрај четирите гола против Челси, Јунајтед имаат само 56 гола во 37 меча, најмалку во топ 6 оваа сезона, откако Кристијано Роналдо замина во ноември, Антони Марсијал беше повреден поголемиот дел од сезоната, а Вут Вегхорст не се покажа ефикасен пред голот. Токму поради тоа, се очекува Јунајтед да тргнат по напаѓач, најверојатно Хери Кејн.

Scroll to Top