Top Sport

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Поранешниот капитен на Арсенал, Гранит Џака, очигледно го потврди заминувањето од „Емирати“ и трансферот во Баер Леверкузен, праќајќи порака до навивачите на „топчиите“ на социјалните мрежи.

По седум години со Арсенал, пред последното коло од Премиерлигата против Вулверхемптон, Швајцарецот преку Инстаграм објави фотографија на која прославува со различни дресови на клубот, титулите кои ги освои (2 од ФА купот и 2 од Комјунити шилд) и порака: „Благодарам, топчии“.

Scroll to Top