Top Sport

(Видео) Валенсија со гол во 93. минута го прати Еспањол во втора лига

Еспањол веќе е во шпанската втора лига, откако во 93. минута им избега победа на „Месталја“ против Валенсија, а во последното коло во шпанската Ла лига шест клуба, вклучувајќи ја и Валенсија ќе се борат да избегнат да им се приклучат.

Дури шест клуба не се „безбедни“ пред последното коло од шпанската Ла лига, во неверојатен развој на настаните. Следната недела Кадиз, Алмерија, Валенсија, Селта Виго, Хетафе и Реал Валјадолид ќе се борат за обезбедување опстанок.

Валенсија-Еспањол беше дуелот кој предизвика најмногу внимание во 37. коло, бидејќи двата клуба се наоѓат во борба за опстанок и Еспањол беше на чекор до голема побеед пред во 93. минута да примат гол за 2:2.

Диего Лопез ги донесе Валенсија во водство во 38. минута од мечот, но само две минути подоцна Цезар Монтес израмни на 1:1. Херој на гостите беше ексиграчот на Барса, Мартин Брејтвајт, кој во 50. минута со многу среќа постигна гол за водство, кое траеше до 93. минута кога Самуел Лино постигна прекрасен гол за еден поен.

ЛА ЛИГА, 37.КОЛО
Алмерија – Реал Валјадолид 0:0
Атлетик Билбао – Елче 0:1
Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 2:1
Барселона – Мајорка 3:0
Кадиз – Селта Виго 1:0
Хетафе – Осасуна 2:1
Џирона – Реал Бетис 1:2
Рајо Валјекано – Вилјареал 2:1
Валенсија – Еспањол 2:2

Scroll to Top