Менаџерот на Манчестер јунајтед по крајот на сезоната во Премиерлигата се обрати на публиката на „Олд Трафорд“ ветувајќи дека ќе направат што можат да ги совладаат градските ривали Манчестер сити во финалето на ФА купот и така да ги спречат на патот до тројната титула и повторувањето на успехот на „ѓаволите“ од 1999 година.
„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката, за навивањето, за вашата енергија, тоа беше прекрасно. Но, кога ќе кажам поддршкаа, имаме уште еден меч и сигурен сум дека овие играчи ќе дадат што можат да ги победат Манчестер сити следната недела. Сметаме на вас. Со вас зад нас имаме големи шанси да го вратиме купот на ‘Олд Трафорд’“, вели Тен Хаг.
Ten Hag aura wowzers pic.twitter.com/cVAj6mguPR
— Viran🇲🇾 (@MadnessFc4) May 28, 2023