Top Sport

(Видео) Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Милан стигна до 1:0 победа над Јувентус во дербито на претпоследното коло од Серија А, резултат со кој „росонерите“ го обезбедуваат местото во Лигата на шампиони и го „осудуваат“ казнетиот Јувентус на место во Лига Европа.

Јувентус по казната од 10 поени за вештачкото зголемување на вредноста на трансферите, го загуби второто место на табелата и им даде шанса на Милан да влезат како четврт клуб во ЛШ од Италија по Наполи, Интер и Лацио. Со победата, Милан се оправда за низата лоши резултати и елиминацијата од ЛШ од градскиот ривал Интер.

Како многупати оваа сезона, клучен играч за тимот на Стефано Пиоли беше Оливие Жиру, кој во 40. минута по нафрлањето на Давиде Калабрија постигна фантастичен гол со глава.

Scroll to Top