Top Sport

(Видео) Тигрес во 110.минута ја освоија шампионската титула

Фудбалерите на Чивас од Гвадалахара останаа без шампионската титула, откако беа поразени со 2:3 на домашен терен од Тигрес, во реваншот од финалето на мексиканската Клаусура.

Гвадалахара имаше се во свои раце, 0:0 по првиот меч и предност од 2:0 пред своите навивачи по првото полувреме, во реваншот, меѓутоа не успеа да ја освои титулата.

Алварадо и Гузман во првите 20 минути и донесоа голема предност на Гвадалахара. Тигрес се врати во мечот во вториот дел, со головите на францускиот ветеран Андре Пјер Жињак во 65. и Кордова во 72.минута.

Во продолженијата, апсолутен херој на Тигрес стана Пизаро со голот постигнат во 110.минута.

Scroll to Top