Top Sport

Од дрес на Џордан Мелоун заработи три милиони долари

Карл Мелоун, легендата на Јута Џез и НБА, заработи повеќе од пет милиони долари со аукција на разни предмети од Дрим тимот, чиј член беше на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Повеќе од половина од таа сума доби од дресот на Мајкл Џордан. Дресот што Џордан го носеше на Олимписките игри во Барселона, потпишан и подарен на Мелоун, беше продаден за три милиони и 30 илјади долари.

Заедно со потписот на Џордан, предниот горен дел од белиот дрес со број 9 има посвета на Карл заедно со пораката „со среќа“. Покрај дресот, тој продал и еден пар патики „Ер Џордан“ за 450.000 долари, а отприлика толку добил за дресот и патиките на Лери Бирд. Продаден е и дресот на Меџик Џонсон.

Американската репрезентација, популарно наречена Дрим-тим во 1992 година, беше најдобрата кошаркарска селекција некогаш собрана, а во финалето на Олимписките игри ја совлада Хрватска со 32 поени разлика.

Scroll to Top