Top Sport

Мегваер ќе ја продолжи кариерата во Серија А

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, летово ќе го напушти „Олд Трафорд“. Вест Хем покажува сериозен интерес,а „Дејли Мирор“, тврди дека фудбалерот добил понуди од неколку клубови да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.

Мегваер (30) е долго време не е задоволен од својата улога во тимот, но е свесен и дека не се вклопува во концептот на менаџерот на Ерик тен Хаг.

Британските медиуми пренесуваат дека за англискиот репрезентативец се заинтересирани Милан, Јувентус, Интер и Рома и дека би можел следаната сезона да ја мине на позајмица во клуб од Серија А.

Мегваер пристигна во Манчестер јунајтед во 2019 година од Лестер, а претходно играше за Виган, Хал и Шефилд јунајтед. Тој оваа сезона одигра 31 натпревар за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања.

Scroll to Top