Марко Асенсио по девет години го напушта Реал Мадрид. Тој ја одби понудата да потпише нов договор и наредниот месец како слободен играч ќе замине од Мадрид.
Марко Асенсио ги одби сите понуди од Реал да потпише нов договор, бидејќи ниту една не му гарантираше дека ќе добива повеќе минути на теренот. Поради тоа реши да замине.
Крилниот напаѓач кариерата ќе ја продолжи кај сонардоникот Унаи Емери во Астон Вила.
„Марка“. пишува дека уште некои ситни детали го делат Асенсио трансфер во редовите на поранешниот европски првак.
Унаи Емери го гледа Асенсио како главен дел од проектот за следната сезона.
Асенсио со Реал ги освои сите знајачни трофеи во клупскиот фудбал. Тој влезе во историјата на Реал, откако постигна голови на дебито за клубот во Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на кралот.
Вкупно Марко Асенсио одигра 285 натпревари за кралскиот клуб и има учинок од 61 постигнат гол и 32 асистенции.