Top Sport

Покетино започна со чистката – Челси нема да го откупи договорот на Феликс

Маурисо Покетино, новиот тренер на Челси, започна со чистката во соблекувалната. Аргентинецот, вчера потпиша две годишен договор, а денес го известил Жоао Феликс дека неговиот договор нема да биде откупен од Атлетико Мадрид.

Жоао Феликс, во јануари, се пресели на позајмица во Челси. „Сините“ за него на Атлетико му платија 11 милиони евра. Феликс неколку пати изјави дека сака да остане на „Стенфорд Бриџ“. Покетино нема да му ја исполни желбата.

Феликс за Челси одигра 20 натпревари и постигна четири гола.

„Челзи не извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Во моментов немаме планови за него”, им откри во вторникот на шпанските новинари, пртседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

Жоао Феликс е првата „жртва“ во ерата на Покетино во Челси. Се очекува во преодникот рок клубот да го напуштат Кристијан Пулишиќ, Хаким Зијеш, Калиду Кулибали, Мејсон Маунт, Нголо Канте…

Scroll to Top