Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро вели дека моќниот тим предводен од Пеп Гвардиола оваа сезона не може да се споредува со Барселона на Гвардиола од 2009 година, дури и да ја освојат тројната титула.
Сити стигнаа до нова доминантна титула во Премиерлигата, петта во последните шест години, а играат во финалињата на ФА купот (против Манчестер јунајтед) и во Лигата на шампиони (против Интер) за историска тројна титула. Гвардиола веќе оствари троен трофеј во 2008/09 со Барселона, кога ја освоија шпанската двојна титула, а го победија и Манчестер јунајтед во финалето на ЛШ во тим полн со таленти како Чави, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Самуел Ето и Тјери Анри.
„Не може да се споредува бидејќи времињата се поинакви, а и лигите се поинакви. Но, тоа беше тим кој остави печат во историјата. Таа Барса го имаше најдобриот среден ред во историјата со Бускетс, Чави и Иниеста, а бидејќи во тимот беше и Меси, тоа не може да се повтори. Сити, пак, ја продолжија доминацијата во најконкурентната лига на светот и се на врвот долго време, што е тешко да се оствари. Дали ќе се работи за најголемито англиски тим? Не знам, ќе почекаме да видиме. Ќе биде важно да ја освојат Лигата на шампиони“, вели Агуеро.