Top Sport

Хоселу е на чекор до трансфер во Реал

Реал Мадрид е многу блиску до потпис со нов напаѓач. Станува збор за 33.годишниот центарфор на Еспањол, Хоселу. Тој треба да пристигне на позајмица, пишува „Марка“, а Реал само ќе ја преземе обврската да му ја исплаќа платата. Постои можност и по позајмицата да остане играч на Реал. Тој наводно ќе ја активира клаузулата во договорот со која ќе може да си замине доколку клубот испадне, што ќе се случи на крајот од сезоната.

Хоселу е искусен напаѓач кој пред 12 години играше за Реал Мадрид, односно неговиот друг тим Кастиља. За првиот тим има одиграно еден натпревар во сезоната 2011/2012.

Потоа смени многу клубови, играше за Хофенхајм, Ајнтрахт Франкфурт, Хановер, Стоук Сити, Депортиво, Њукасл, Алавес, пред минатото лето да пристигне во Еспањол.

Тој е во фантастична форма оваа сезона. Постигна 17 гола во сите натпреварувања и пред крајот на сезоната се наоѓа на третото место на листата на најдобри стрелци во Примера. Пред него се само Левандовски и Бензема.

Scroll to Top