Повеќе европски медиуми тврдат дека крилото на Реал Мадрид, Марко Асенсио веќе ја прифатил скапата понуда од Астон вила за слободен трансфер, отфрлајќи ги понудите од Милан и Јувентус, кои едноставно не можат да му понудат плата каква што ќе добива во Бирмингем.
Договорот на 27-годишниот Асенсио завршува во јуни и „Марка“ јавува дека веќе ја одбил понудата да остане во Реал Мадрид, и дека оценил дека во Астон вила, со кои ќе игра и во Конференциската лига, ќе има лидерска улога во тимот.
Асенсио постигна 52 гола во 262 настапи за Реал Мадрид, освојувајќи три титули од Лигата на шампиони и три трофеи од Ла лига.