Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Јувентус, Даглас Коста добил налог за апсење во својата татковина Бразил, откако одбивал да плаќа алиментација за своите деца.
Коста во моментов игра во американскиот МЛС тим, Лос Анџелес галакси, каде што игра како позајмен играч од Гремио. Налогот за апсење е издаден во Порто Алегре и значи дека тој ќе биде уапсен ако се врати во Бразил. Неговиот адвокат, Сержо Кеирош изјави дека подготвува жалба на одлуката.
31-годишниот Коста игра во САД од февруари 2022, но има само 4 настапи за Галакси.