Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовскa, се запиша во историјата на рускиот ракометен клуб ЦСКА Москва. Таа стана најдобриот стрелец во историјата на клубот.
Сара Ристовска на мечот против Ростов Дон (26:27), во финалната серија, постигна пет гола и ја надмина Антонина Скоробогатченко на врвот на вечната листа на клупски стрелци.
Ристовска дојде до бројката од 475 гола во дресот на „армејките“.
ЦСКА Москва има одлична шанса да ја освои и шампионската титула, со оглед дека „мајсторката“ против Ростов Дон ќе ја игра на домашен терен.