Раководството на Барселона работи на нов план за враќање на својата легенда Лионел Меси. Според „Л’Екип“ тука е вклучен и Интер Мајами, кој е дел од МЛС-лигата на САД.
Идејата е американскиот клуб сега да го ангажира Лео како слободен играч, а потоа веднаш да го префрли кај Каталонците. Позајмицата може да биде за период до 18 месеци.
Ова и овозможува на Барселона некако да ги заобиколи инаку тешките правила што би ѝ овозможиле да го вратат Меси. Според документите, постои опција главниот дел од платата на фудбалерот да го плати Интер Мајами, што ќе им олесни многу на челниците на Барселона.
Клубот од Мајами по извесно време ќе има можност да се потпре на Меси како играч. Дејвид Бекам е еден од сопствениците на клубот, а Фил Невил е менаџер.
Договорот на Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува за еден месец, а тој има неверојатна понуда вредна 1,2 милијарди долари да потпише за Ал-Хилал од Саудиска Арабија.