Марко Асенсио летово без обештетување ќе го напушти Реал и ќе потпише за нов клуб. Пред неколку дена англиските и шанските медиуми објавија дека неговиот траснфер во Астон Вила е завршена приказна. Сепак, тој нема да се пресели во Англија, во последен момент, ПСЖ се вмешал во преговорите и како сега стојат работите 27. годишникот ќе се пресели во Париз.
Познатиот трансфер инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, пренесува дека Асенсио преговара со ПСЖ, а мадридски „АС“ тврди дека Шпанецот е блиску до потпишување договор со францускиот шампион.
Асенсио е на „Сантијаго Бернабеу“ девет години откако пристигна од Мајорка во 2014 година. Оваа сезона одигра 50 натпревари за Реал Мадрид, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.
Тој освои 17 големи трофеи за време на неговите седум години во клубот: три Лига на шампиони, три титули во Ла Лига, четири Светски клупски првенства, три европски Суперкупа, три шпански Суперкупа и еден Куп на Кралот.