Инспектори на УЕФА го советуваат претседателот Александар Чеферин дека Барселона заслужува да биде суспендирана за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Сето ова порада случајот „Негреира“, открива шпанскиот медиум „ABC“.
Истражителите од УЕФА го анализирале скандалот и подготвиле извештај според кој на каталонскиот гигант треба да му биде забранет настап во елитното клупско натпреварување на Стариот континент.
Истрагата покажа дека во периодот од 2001 до 2018 година, Каталонците му платиле 7,3 милиони евра на Хозе Марија Хенрикес Негреира за различни услуги, често опишани едноставно како „консултации“. Меѓутоа, проблемот е што станува збор за потпретседател на Судската комисија во Шпанија. Ова се смета за конфликт на интереси бидејќи Негреира можеби влијаел на одлуките на судиите.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, најверојатно ќе ја почека и одлуката на шпанските власти, кои исто така работат на случајот, пред да донесе конечно решение за овој случај.