Стратегот на Наполи, Лучијано Спалети, е прогласен за најдобар тренер во Серија А за сезоната 2022/23. Наградата ќе му биде врачена пред натпреварот од последното 38. коло во италијанското првенство, кога „партенопеите“ на 4 јуни ќе играат против Сампдорија.
Оваа сезона, Наполи стана шампион на Италија за првпат од 1990 година.
#LucianoSpalletti è l’allenatore dell’anno in Serie A https://t.co/FgCWPR2gII
— Il Mattino (@mattinodinapoli) June 1, 2023
Спалети претходно потврди дека го напушта тимот на крајот на сезоната.
Жирито кое ја додели наградата за најдобар тренер во Серија А беше составено од директори на спортски весници во Италија. Тие ги оценуваа тренерите индивидуално според спортско-техничките критериуми и квалитетот на играта на нивните тимови, како и однесувањето/фер-плејот за време на натпреварите.