Интер Мајами не се откажува од ангажирањето на Лионел Меси, за да го убеди да се пресели во САД подготви богат договор.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека членот на МЛС лигата е подготвен на капитенот на аргентинската репрезентација да му плати 200 милиони евра, односно по 50 милиони за четири годишен договор.
На Флорида веруваат дека можат да го убедат Меси поради фактот што Лионел има куќа во Мајами. Исто така, клубот од САД сака да потпише со шпанскиот играч за врска Серхио Бускетс, кој со години играше со Аргентинецот во Барселона.
Понудата на Интер не е толку профитабилна како онаа на Ал Хилал од Саудиска Арабија, а единственото нешто што е сигурно во моментов е дека Меси овој викенд ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ на кој му се приклучи во 2021 година од Барселона.
Искусниот напаѓач сезонава одигра 31 натпревар во францускиот шампионат и постигна 16 гола со исто толку асистенции.