ГРК Охрид започна со реконструкцијата на ростерот. Петмина ракометари си заминаа, а во петокот клубот промовираше четворица нови играчи. Двајца од нив се поранешни репрезентативци на Македонија.
Договори со ГРК Охрид потпишаа голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Гоце Ојлески, бекот Никола Стоилевски и специјалистот за игра во одбрната, Милорад Кукоски.
Голманот Даниел Ѓорѓески (191cm и 91кг) дојде во клубот по одличните настапи на унгарскиот тим Будакалас. Пред тоа настапуваше за најсилните тимови во Македонија: Металург, РК Вардар и Пелистер. Со нив има настапи во европските купови и регионалната Сеха Лига.
Левото крило Ојлески има 33 години (180cm и 80кг). Во Охрид дојде по шампионската сезона што ја имаше со Еурофарм Пелистер.
Нов „Гладијатор“ е и одличното десно крило Никола Стоилевски. Има 24 години (194cm и 80кг) и настапуваше за Еурофарм Пелистер 2. Пред тоа играше за Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје.
Милорад Кукоски е најискусен од новите имиња во ГРК Охрид, има 35 години (195cm и 100кг) и доаѓа од првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер.
Пред тоа има настапувано и за Металург, Зомимак и Вардар. Во својата кариера има настапи во европските купови и регионалната Сеха Лига, и е дел од сениорската ракометна репрезентација на Македонија.
Фото/ohridnews.com