Никола Миротиќ е подготвен да ја напушти Барселона. Кошаркарската секција на Барселона во следната сезона ќе влезе со намален буџет, прв на своја кожа тоа ќе го почувствува Миротиќ.
Крилниот центар имаше најголема плата во Евролигата, според медиумите тој заработува околу 5.000.000 евра, а клубот на него, со сите даноци, троши годишно за европски услови неверојатни 11.0000.000 евра.
Неуспесите во Евролигата, во последните две сезони, ги натераа челниците на Барслеона да го намалат буџетот во кошаркарската секција. Барселона, изминатите две сезони на завршниот турнир не успеа да го мине полуфиналето. Два пати Барса губеше од Реал.
Цехот за неостварената цел, титула во Евролигата, ќе го плати најдобриот, Никола Миротиќ.
Црногорецот со шпански пасош се поврзува со два клуба. Монако веќе испратиле понуда, а грчките медиуми тврдат дека и Олимпијакос се вклучил во трката. Олимпијакос мора да се засили на оваа позицијата, откако актуелниот МВП во Евролигата, Саша Везенков најави дека кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, во Сакраменто Кингс.