Легендарниот тренер Џорџ Карл, смета дека Стеф Кари и Никола Јокиќ ја трансформирале кошарката во последните 15 години. Карл е еден од тренерите со најмногу победи во историјата на НБА лигата (1.175 на 1.999 натпревари). Пред него се Пет Рајли, Џери Слоун, Лери Вилкинс, Дон Нелсон и секако Грег Поповиќ.
Карл, во својата кариера девет години ги предводеше Денвер Нагетс. Играше и финале на Западот во 2009 година, но не успеа да ги победи ЛА Лејкерс.
„Стеф Кари и Никола Јокиќ се двајцата играчи кои најмногу ја трансформираа кошарката во последните 15 години. Едниот е плејмејкер кој шутира како никој пред него, а другиот е џин од 211 кој дели асистенции како како најдобрите плејмејкери. Пред неколку децении немаше да верувам дека такви играчи ќе постојат во иднина“, напиша Карл.