Диего Симеоне тврди дека нема проблем со Жоао Феликс, иако Португалецот помина половина сезона како позајмен играч на Челси, но признава дека Атлетико Мадрид можеби ќе го продаде поради „економски причини“.
Тој го отфрли тврдењето дека добрата форма на Атлетико во вториот дел од сезоната доаѓа поради тоа што Феликс не бил во тимот, и разјасни дека никогаш немал проблем со него. Челси реши да не ја продолжи позајмицата на Феликс по совет на новиот менаџер Маурисио Почетино, но повеќе англиски клубови се заинтересирани за негов трансфер.
„Лага е да се тврди дека не игравме добро поради тоа што Жоао Феликс беше во тимот. Да беше со нас и во вториот дел од сезоната ќе игравме добро. Немам судир со него, туку јасни односи и му го кажувам тоа што го мислам. Го знае мојот тренерски мето и знае дека сакам да тренирам со насмевка на лицето. Иднината? Ќе видиме. Неопходно е да се види која е економски добрата одлука за клубот. Јас не навлегувам во тоа. Тој е момче со квалитти, кој игра добро и се надевам дека ќе игра уште подобро“, вели Симеоне.