Top Sport

(Видео) УЕФА со дисциплинска постапка против Мурињо за навредите кон судијата Тејлор

УЕФА и формално отвори дисциплинска постапка против тренерот на Рома, Жозе Мурињо за навредувањето на англискиот Ентони Тејлор по поразот на пенали од Севилја во финалето на Лига Европа.

Двата финалисти се обвинети за однесувањето на своите навивачи, односно за фрлање на предмети на теренот и непрописно однесување на фудбалерит. Севилја исто така се обвинети за влегување на теренот, додека Рома се обвинети за кршење столчиња.

Мурињо, пак, кој беше снимен како на паркинг го навредува судијата Тејлор, е обвинет за „навредувачки јазик кон судија“.

Ова однесување исто така предизвика реакција на навивачите на Рома, кои го нападнаа Тејор и неговото семејство на аеродромот во Будимпешта, за што веќе беа уапсени двајца навивачи.

Scroll to Top