Најдобриот светски тенисер, Рафаел Надал, мина низ вистински пекол, во дуелот од третото коло на Флешинг Медоуз. Шпанецот против Русинот Карен Хачанов, на теренот мина четири и пол часа и славеше во четири сета.
Надал се мачеше, не беше на вистинското ниво, но успеа благодарение на искуството да слави против Качанов.
Откако Качанов го доби првиот сет со 7:5, Надал со истиот резултат го доби вториот и израмни на 1:1. Третиот и четвртиот сет Шпанецот ги доби во тај-брејк.
Надал во осмина-финалето за противник ќе го има Николоз Басилашвили. Грузиецот во третото коло го победи Гвидо Пеља од Аргентина со 6:3, 6:4, 1:6, 7:6.
Покрај Надал, во осмина-финалето минаа Хуан Мартин дел Потро, Милош Раониќ, Џон Изнер и Борна Чориќ.