Top Sport

Макс Ферстапен со пол-позиција за ГН на Шпанија

Двојниот светски шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за Големата награда на Шпанија. Холанѓанецот не им остави шанса на конкурентите и откако беше најбрз на сите тренинзи, без посериозни потешкотии ги извозе и квалификациите.

Возачот на Ред Бул го освои првото место за неделната трка со време од 1:12.272. Втор беше Карлос Саинц, а на третата позиција се пласира Ландо Норис.

Првата сесија од квалификациите беше прекината веднаш по нејзиниот почеток кога на патеката во Каталонија почна да врне дожд. Во тоа време, кај Ред Бул имаше одредена загриженост, бидејќи нивните пилоти не забележаа брзи кругови со меки гуми, додека другите пилоти веќе завршија барем еден круг.

Меѓутоа, времето брзо се подобри и сесијата беше продолжена. Условите на пистата се менуваа секоја секунда, а некои пилоти страдаа.

Scroll to Top