Фудбалската репрезентација на Португалија со многу промени во составот ќе влезе во наредните натпревари. Кристијано Роналдо и уште деветмина играчи не го прифатиле повикот на селекторот Фернандо Сантош за пријателскиот меч против Хрватска(6.септември) и првиот меч во Лигата на Нации против Италија (9.септември).
Најголемата португалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, побарал од селекторот да го ослободи од обврските кон репрезентацијата, а причината е неговиот трансфер во Јувентус.
„Разбираме дека му е потребен период на адаптација во Јувентус и дека е најдобро и за него и за репрезентацијата е тој да ги пропушти овие натпревари“, рекол селекторот Сантош.
Покрај Роналдо на списокот ги нема голманот Ентони Лопез, играчите од одбраната Бруно Алвеш, Рикардо Переира и Жозе Фонт, односно Жоао Мутињо, Жоао Марио, Адриен Силва, Мануел Фернандеш, како и искусниот крилен напаѓач Рикардо Кварежма.
Прв пат во националниот тим ќе настапат голманот Клаудио Рамос, односно Педро Мендеш и Жедсон Фернандеш.
Списокот на Португалија:
Голмани: Бето (Гестепе), Калудио Рамос (Тондела), Руи Патрисио (Вулверхемптон)
Одбрана: Седрик (Саутемптон), Кансело (Јувентус), Луис Нето (Зенит), Марио Руи (Наполи), Педро Мендеш (Монпелје), Пеп (Бешикташ), Гереиро (Борусија Дортмунд), Рубен Дијаз (Бенфика)
Среден ред: Бруно Фернандеш (Спортинг), Жедсон Фернандеш (Бенфика), Пици (Бенфика), Ренато Санчез (Баерн), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Серж Оливеира (Порто), Вилијан Карвалјо (Бетис)
Напад: Андре Силва (Севилја), Бернардо Силва (Манчестер сити), Брума (Лајпциг), Желсон Мартинс (Атлетико Мадрид), Гуедеш (Валенсија), Рони Лопез (Монако)