Top Sport

Ал-Хилал планираат да го промовираат Меси на 6 јуни

Саудискиот клуб Ал-Хилал планира да го презнтира Лионел Меси веќе во вторник, откако Аргентинецот вчера го одигра последниот меч за Пари Сен-Жермен, тврди шпанскиот „Диарио Ас“, така ставајќи крај на надежите на Барселона за враќање на „Ноу Камп“.

Меси вчера беше испратен со свирежи од навивачите на Пари Сен-Жермен по неубедливи две години во француската престолнина и со 2:3 пораз од Клермон на „Паркот на принцовите“, пошто станува слободен играч. Во Барселона постојано тврдеа дека се оптимисти дека ќе го дадат максимумот за да го вратат, но финансиските правила на Ла лига не им даваат многу простор за маневар.

Од друга страна Ал-Хилал му нуди двегодишен договор на Аргентинецот, наводно вреден баснословни 500 милиони евра по сезона, и тие веќе закажаа промоција за во вторник на 6 јуни, пред 35-годишниот Меси да замине на одмор со неговото семејство.

Scroll to Top