Top Sport

Одбојката се игра(ше) додека не победи – Македонија (Фотогалерија)

Втора победа за Македонија во Златната Европска лига. Блескаше капитенот Никола Ѓорѓиев, одличен беше и Љафтов, Савовски покажа дека е во подем, а сите заедно, предводени од селекторот Јошко Миленкоски покажаа дека Македонија има победнички карактер. Ова можеби е и најзначајно во пресрет на Европското првенство кое ќе се игра и во нашата земја.

„Спартанците“ никогаш не се предаваат, дури и кога ќе го имаат навидум лесно мечот в раце, а потоа ќе го испуштат и ќе ја вратат Хрватска во игра. Но, во петтиот сет, покажаа дека имаат карактер, да издржат и да ја извлечат победата.

Или како што би рекол Гери Линекер…одбојката се игра(ше) додека не победи Македонија. Барем на овој меч.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

Scroll to Top