И покрај тоа што ја освоија титулата од француската Лига 1, Лионел Меси вчера беше мета на свирежи и навреди од навивачите на Пари Сен-Жермен, станувајќи непријател број 1 на ултрасите на францускиот клуб, заменувајќи го неговиот соиграч Нејмар на оваа позиција.
Нејмар, кој честопати беше мета на вакви навреди, преку социјалните мрежи се прости со Аргентинецот.
„Брату, работите за жал не испаднаа како што мислевме, но се обидовме. Беше задоволство да се споделат овие две години со тебе. Многу среќа во новата етапа на твојот живот и многу среќа. Те сакам“, напиша Нејмар.
Hermano.. no salió como pensábamos pero intentamos de todo. Fue un placer compartir 2 años mas con vos.
Muchas suerte en tu nueva etapa y que seas feliz. Te quiero ❤️ #leomessi pic.twitter.com/6fkozlTUKi— Neymar Jr (@neymarjr) June 4, 2023