Top Sport

Гласнер повеќе не е тренер на Ајнтрахт

Оливер Гласнер повеќе не е тренер на Ајнтрахт Франкфурт, објави германскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Австриецот во саботата вечерта во поразот (0:2) од Лајпциг во финалето на Купот на Германија за последен пат го предводеше тимот на Ајнтрахт.

Гласнер (48) седна на клупата на Ајнтрахт во 2021 година, а во 2022 година ја освои Лига Европа и на клубот му го донесе првиот европски трофеј по 42 години.

Гласнер оваа сезона го предводеше тимот до осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Наполи.

Ајнтрахт на крајот од оваа сезона го освои седмото место во Бундеслигата и ќе игра во плеј-офот за пласман во Конференциската лига.

Scroll to Top