Top Sport

Контроверзниот Лахоз во солзи ја заврши кариерата

Изминативе денови ги гледавме емотивните простувања на големите фудбалски ѕвезди Фабио Кваљарела, Хоакин и Златан Ибрахимовиќ. Но, од фудбалот се прости и еден судија, а тоа е славниот и контрозверзен Шпанец Антонио Мигел Матео Лахоз.

Правдата на фудбалските терени ја делеше 24 години, речиси четврт век. Последен натпревар во неговата кариера беше дуелот помеѓу Мајорка и Рајо Ваљекано, во кој домашните победија со 3:0.

Збоувањето на Лахоз беше многу емотивно. Кога последен пат отсвири крај во кариерата се фати за глава, почна да плаче, а играчите на двата тима му подготвија шпалир и доби аплауз од сите на стадионот.

Еден од најдобрите светски судии, прво ја делеше правдата во пониските категории, а од 2008 година започна да суди на терените во Ла Лига. Логото. Судија со знакот на ФИФА стана во 2011 година, а учествувал на бројни големи натпреварувања.

Круна на неговата кариера финалниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Манчестер Сити во 2021 година. Како и секој судија и тој беше мета на критики, поточно по дуелот на Светското првенство во Катар, кога на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија покажа дури 18 жолти картони.

Се пензионираше поради старосната граница, наполни 46 години, а Ла Лига повеќе нема да го делегира за натпревари под нејзина надлежност. Лахоз заработи многу од судењето, имаше месечна плата од 12.500 евра, плус 4.200 за секој натпревар што го судеше.

Scroll to Top