Top Sport

Ливерпул го договори трансферот на светскиот шампион

Ливерпул и Алексис Мекалситер постигнаа конечен договор. Аргентинецот ќе биде првото засилување за Јирген Клоп во летниот преоден рок.

Ливерпул, зад себе има лоша сезона. По седум последовни учества, Ливерпул наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Клоп најави целосна реконструкција на тимот. Најпрвин ќе го засили редот за врска.

Алексис Мекалистер од Брајтон, најпрвин ќе треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да го потпише договорот. .Тоа треба да се случи во наредните 24 часа.

Аргентинецот ќе потпише договор со до 2028 година. Се претпоставува дека Брајтон од трансферот на Мекалистер ќе прходува 70 милиони евра.

Мекалистер оваа сезона за Брајтон постигна 12 гола и запиша три асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања. На Светското првенство, тој одигра важна улога во освојувањето на титулата на Аргентина,.

Scroll to Top