Top Sport

Бензема го доби најголемиот договор во историјата на фудбалот

Карим Бензема го стави својот потпис на три годишниот договор со Ал Итихад. За три години, Бензема ќе заработи 600.000.000 евра. Ова е најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Ал Итихад ќе биде третиот клуб во кариерата на 35. годишниот француски напаѓач кој започна како играч на Лион, а во Реал се пресели во 2009 година.

Вкупно за Реал постигна 354 гола и е втор стрелец во историјата на мадридскиот клуб. Прв е Кристијано Роналдо со 450 голови. Португалецот во јануари се пресели во Саудиска Арабија и го носи дресот на Ал Наср.

Бензема е актуелен освојувач на „Златната топка“, а со Реал пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, како и Светското клупско првенство. Тој исто така освои четири титули во шпанската Ла Лига.

Scroll to Top