Top Sport

Иниеста против Барса се збогуваше со Висел Кобе и Јапонија

Фудбалерите на Висел Кобе и Барселона денеска одиграа пријателски натпревар, кој воедно беше и збогување на Андрес Иниеста од јапонскиот клуб.

Овој меч беше договорен одамна, за крајот на сезоната, а Чави Ернандез ја искористи шансата да им даде шанса на фудбалерите не играа многу во текот на сезоната.

Шансата максимално ја искористи Пабло Торе, со две асистенции, во 16. и 19. минута.

Најпрвин мајсторски го проигра Франк Кеси за 0:1, а потоа три минути подоцна од корнер го пронајде Ерик Гарсија, кој со глава ги погоди конечни 0:2.

Вистонско чудо е што на овој натпревар имаше само два гола, бидејќи имаше преку 30 удари кон голот на двете страни, но во вториот дел не беше постигнат ниту еден гол.

Сепак, на овој меч резултатот беше во втор план, бидејќи се му беше подредено на легендарниот Андрес Иниеста.

Тој пред натпреварот се поздрави со Чави и играчите, а на интернет кружи и видео кога бара од Гави да ги разменат дресовите „да не го убијат децата дома“.

Иниеста ја напушти играта во 81. минута. Беше испратен со овации од навивачите и играчите на двата тима. Тој е слободен играч и се уште не сака да ја заврши кариерата, има понуди од МЛС лигата и Блискиот Исток.

Scroll to Top